Британците во саботите ќе користат бесплатна струја
Објавено: 3 август, 2013, во 10:31 часот
Потполно бесплатно користење на струја за потрошувачите кои ќе го концентрираат трошењето на електрична енергија за време на викендот, односно во саботите најави „Бритиш гас“, една од компаниите кои дистрибуираат електрична енергија во Велика Британија.
Промената на тарифирањето, што „Бритиш гас“ сака да ја воведе од 2014 година, е идентична со постојната понуда на сестринската енергетска компанија од САД- „Директ енерџи“. Зад двете компании стои дистрибутерот „Центрица“, која сака да го мотивира потрошувачите да ја насочат потрошувачката во време на викендите, кога насекаде во светот потрошувачката е помала отколку во работните денови.
Овој пилот-проект веќе се одвива во северноисточните американски држави, а наскоро ќе почне и во Тексас. Во Пенсилванија потрошувачите дури можат и да избираат – дали сакаат бесплатно да користат струја во сабота или недела.
