Загина дете на Миконос

Објавено на 12 август, 2014 во 08:04

Едно десетгодишно дете вчера загина на грчкиот остров Миконос, соопшти полицијата.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, детето се возело на популарната играчка „банана“, која ја влечел глисер.

Во еден момент тоа изгубило рамнотежа и паднало во морето, а кога возачот на глисерот го свртел чамецот за да го провери, го удрил со пропелерот на моторот и детето починало на самото место.

Возачот на глисерот и сопственикот на фирмата за игри на вода се уапсени.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.