Затворени ресторани на Мекдоналдс во Москва
Објавено на 21 август, 2014 во 13:11
Властите во Русија наредиле привремено затворање на четири ресторани на Мекдоналдс во Москва.
Официјален претставник за безбедност на храната соопшти дека инспекторите откриле голем број санитарни повреди на четири локации ,меѓу кои и во првиот Мекдоналдс во Русија.
Засега нема официјални информации дали затворањето е одговор на американските економски санкции врз Москва поради кризата во Украина.
Од седиштето на Мекдоналдс во Илиноис соопштија дека ја проучуваат одлуката за да видат што треба да се направи за повторно да се отворат рестораните . Првиот Мекдоналдс во Русија е отворен во Москва на плоштадот Пушкин во 1990 година.
