Суспендирани петмина припадници на одредот Жандармерија поради тепањето на братот на српскиот Премиер

Објавено на 1 октомври, 2014 во 07:26

Во нишкиот одред на Жандармеријата суспендирани се пет припадници кои учествувале во интервенцијата во која беше претепан Андреј Вучиќ брат на српскиот премиер, објавија белградски медиуми.

Информацијата за „Данас“ ја потврди Миленко Божовиќ, командант на жандармеријата кој додаде дека во тек е истрага.

Освен МВР на Србија за тој случај води и воената полиција и Воено-безбедносната агенција. Министерот за внатрешни работи Небојша Стефановиќ изјави вчера дека истрагата за претепувањето на братот на премиерот Александар Вучиќ наскоро ќе биде завршена и оти јавноста ќе биде запозната со деталите./МИА

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.