Сомнителни случаи на ебола во Чешка и Северен Кипар

Објавено на 10 октомври, 2014 во 07:34

Во Чешка е евидентиран прв случај на сомнеж за хеморагична треска ебола кај 56-годишен Чех, кој пред повеќе од 20 дена се вратил од Либерија, јави 24 Вести.

Како што соопштија надлежните здравствени служби, иако освен повисока температура, пациентот нема други симптоми, тој е хоспитализиран во специјално подготвеното одделение за евентуални заболени од ебола.

Мострите земени од пациентот ќе се тестираат во Германија и резултатите ќе бидат познати денеска.

Според лекарите, состојбата на пациентот предизвикува сомнеж за смртоносната болест ебола, но симптомите и здравствената состојба се слични и на ред други болести.

Сомнежи за појава на ебола има и во Северен Кипар. Според кипарскиот весник на турски јазик „Хавадис“, студент од Того манифестирал симптоми на вирусот и бил одведен во болница во градот Фамагуста во турскиот дел на островот.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.