Белград како Брисел
Објавено на 15 октомври, 2014 во 07:53
200 студенти од 40 држави ќе симулираат работата на институциите на ЕУ. Четвртиот Белградски модел на Европската Унија, БЕУМ ќе се одржи од 15 до 19 октомври, јави Радио Канал 77.
Студентите во Српското собрание ќе симулираат седница на ЕП, Советот на ЕУ и Европскиот совет на теми посветени на органската храна, корупцијата и проширувањето на ЕУ со земји од западен Балкан, следејќи ги процедурите кои се користат на вистинските седници на овие институции.
БЕУМ 2014 има за цел да се стекнат знаења како функционираат институциите на ЕУ.
