Германските пилоти ќе штрајкуваат
Објавено на 20 октомври, 2014 во 08:01
На нов штрајк во „Луфтханза“ поради пензиските бенифиции ги повика пилотите водечкиот германски синдикат.
Во соопштението на синдикатот се наведува дека од штрајкот ќе бидат погодени некои летови во домашниот авионски сообраќај почнувајќи од 11 часот утре до пред полноќ во вторник и се изразува жалење поради непријатностите на патниците.
Пилотите според важечките закони можат на 56 година да одат во предвремена пензија, а штрајкуваат поради планот на „Луфтханза“ да ја зголеми старосната граница за предвремена пензија и да ги вклучи пилотите во финансирањето на своите пензии.
