Повторно протест против данокот на интернет во Будимпешта

Објавено на 29 октомври, 2014 во 09:00

Околу сто илјади демонстранти излегоа на улиците на Будимпешта да протестираат поради планот на унгарската влада да го оданочи користењето на интеренетот од идната година, јави Радио Слободна Европа.

Овој собир беше втор во изминативе два дена. Организаторите го повикаа премиерот Виктор Орбан да се откаже од планот со кој провајдерите на интеренет месечно, меѓу другото, треба да плаќаат по над две евра за корисник.

Граѓаните стравуваат дека трошоците на крајот ќе паднат врз нивниот грб.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.