Убиен новинар на авганистанското радио

Објавено на 12 ноември, 2020 во 10:07

bombaskinapad fin

12.11.2020

Новинарот на авганистанското радио Елиас Даџи загина денеска кога експлодирала бомба прикачена на неговиот автомобил.

– Во нападот се повредени уште три лица, меѓу кои и едно дете, изјави портпаролот на гувернерот на покраината, Хелманд Омер Звак.

Директорот на радиото, Азади Сами Махди, на Твитер потврди дека неговиот колега и пријател Елиас Даџи е убиен во терористички напад утрово.

Никој сè уште не ја презеде одговорноста за нападот, што следеше неколку дена по убиството на поранешниот водител на ТОЛО ТВ во Кабул.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.