Топол бран од Африка, утре и во среда, ќе донесе температури од 40 до 41 целзиусови степени

Објавено на 10 јуни, 2024 во 15:40

Својот максимум овој многу топол бран во Македонија, кој што е со потекло од северните предели на Африка, ќе го достигне утре, а особено во среда. Температурите насекаде ќе надминуваат 30 степени. На повеќе места тие ќе се искачат  и до околу 35 степени, а во најтоплите централни и југоисточни предели тие локално ќе достигнат дури 40 и 41 Целзиусови степени. Овие два дена воедно ќе бидат и најтоплите досега оваа година, пишува Метео Аларм.

„Времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, но ќе дува топол ветер од југозападен правец кој повремено и локално ќе биде со засилен интензитет. Во Скопје максималната дневна температура за време на овој максимум на топлотен бран ќе достигне до околу 35 и 36 степени. Ув индексот ќе има многу висока, до екстремно висока вредност со коефициент некаде помеѓу 8 и 9, па затоа граѓаните ги советуваме доколку немаат потреба да не излегуваат во најтоплиот дел од денот, односно од 11 до 17 часот,  и секако да пијат повеќе течности,“ пишува метеорологот Славчо Поповски.

Во Македонија и во следниот период ќе биде присутно значително количество на Сахарска прашина  и песок. Атмосферата ќе биде многу заматена, времето ќе биде многу мачно и спарно, што ќе придонесе температурите да се чувствуваат како да се многу повисоки од реално измерените.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.