Традиционален Гала оперски концер, четврток и петок, во Национална опера и балет

Објавено на 9 јануари, 2023 во 12:41

Останати се уште неколку билети за традиционалниот Гала оперски концерт којшто ќе се одржи на 12 и 13 јануари, по повод празникот „Василица“ 2023 година. Традицијата востановена пред повеќе од 25 години продолжува, оваа година, публика ќе има можност да ужива во изведбите на некои од највпечатливите арии, дуети и хорски делници од светски познатите оперски дела од композиторите: Пучини, Верди, Џордано, де Либ, Штраус – помладиот.

-Диригенти ќе бидат Бисера Чадловска и Иван Еминовиќ, режисер: Дејан Прошев, концерт мајстор: Верица Ламбевска, хор мајстор: Јасмина Ѓорѓеска. На концертот ќе настапат нашите оперски уметници:  Славица Петровска – Галиќ (сопран), Весна Ѓиновска – Илкова (сопран), Сандра Митровска (сопран), Дешира Ахмети – Крлиу (сопран), Наде Талевска (сопран), Ирена Кавкалевска (мецосопран), Ѓорѓи Цуцковски (тенор), Зоран Сотиров (тенор),  Борис Трајанов (баритон), Марјан Јованоски (баритон), Игор Дурловски (бас) и  Александар Стефаноски (бас). Настапуваат хорот и оркестарот на Национална опера и балет, известуваат од Национална опера и балет.

За да се одбележи традицијата на Василица, за време на концертот на 13 јануари ќе се крши и подели лепче. Секој присутен ќе има можност во фоајето да си земе лепче и на кој ќе му се падне паричката ќе добие гратис-билети за целата сезона на Националната опера и балет.

Концертите во четврток и петок се со почеток во 20:00 часот.

Билети може да се купат од билетарница или онлајн на www.operabalet.mk.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.