Тројца обвинети за смртта на ракометарот Денис Тот
Објавено на 21 јули, 2022 во 14:58
По затворање на истражната постапка, Обвинителството поднесе обвинение до Кривичниот суд за убиството на ракометарот Денис Тот.
Според информациите, осомничените Анџело Ѓорѓиевски, Клементина Лефковска и Андреј Костовски се гонат за убиството на Тот, кое се случи пред скопска дискотека.
„Обвинетите, на 7 април, пред ноќен клуб во Градскиот парк во Скопје, заеднички го лишиле од живот оштетениот Денис Тот. По кратка расправија, сите тројца му нанеле повеќе удари и тешки телесни повреди од кои кај оштетениот најпрвин настанала коматозна состојба, а следниот ден починал“, посочуваат од Обвинителството.
Инаку, побарано е и продолжување на мерката притвор за тројцата обвинети.