Уапсено лице за подметнување на пожар во прилепско
Полицијата утринава привела уште едно лице, за кое постои сомневања дека подметнало пожар во прилепско.
-Околу 06.15 часот во м.в.Дабница, прилепско, во близина на споменикот, од страна на полициски службеници од ОВР Прилеп лишен од слобода е М.Е. (34) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение дека подметнал пожар на место викано Дабница. Пожарот утрово е локализиран од страна на противпожарната единица од Прилеп, соопштија од МВР.
К.С. од с.Лева Река, ресенско е второто приведено лице осомничено за подметнување на пожари. Тој е приведен од полициските службеници на СВР Битола-ОВР Ресен поради постоење основи на сомнение дека го предизвикал пожарот.
Во текот на завчерашниот ден од страна на полициски службеници од Полициско одделение Галате беше лишен од слобода и Л.А. (32) од Р. Албанија, со илегален престој во државата, поради постоење основи на сомнение дека подметнал пожар над гостиварско Пожаране, а полицијата во координација со Јавен обвинител постапува и во врска со осомниченото лице за пожарот во Старо Нагоричане и двете осомничени лица за пожарот кој на 3.8.2021 беше пријавен пред село Блаце кон Катланово.