Украинското жито ќе плови од Украина по Дунав, процесот ќе биде поедноставен
Министрите за надворешни работи на 14 земји низ кои минува реката Дунав или кои се наоѓаат блиску до неа, истакнаа дека ќе ги „интензивираат напорите“ за намалување на зависноста од енергенсите од Русија и дека ќе го подобрат водениот пат Дунав за да се транспорт на жито од Украина, пишува ХИНА.
Во словачкиот град Кошице се собраа претставници на Германија, Австрија, Чешка, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Словачка, Унгарија, Србија, Црна Гора, Украина, Романија, Бугарија и Молдавија.
Нивниот форум беше организиран како дел од Стратегијата на Европската унија за регионот на Дунав (ЕУСДР), рамка за дијалог и соработка меѓу земјите од областа.
Повеќето министри учествуваа на состанокот онлајн и усвоија заедничка декларација, во која ја истакнаа и потребата од користење на алтернативен пат за извоз на жито од Украина поради руската блокада на пристаништата во Црното Море.
Во 2019 година, Украина извезла 16 отсто од светските резерви на пченка и 42 отсто од сончогледово масло, според Обединетите нации. Падот на испораките ги зголеми цените на храната.