Вчера се аплицирани 17.343 вакцини

Објавено на 20 јули, 2021 во 13:27

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 463.048 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 6.608 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 17.343 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 747.728 дози вакцини, а ревакцинирани се 284.680 граѓани. 

Со последните бројки 60% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 57% од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, 53% од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 43% од населението над 50 години е вакцинирано со барем една доза вакцина .

Министерството за здравство апелира до граѓаните да се вклучат во масовното вакцинирање бидејќи само на овој начин ќе успееме да го победиме вирусот.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.

MIT License