Веројатно ќе има нови соеви и мутации, но со рестрикции не може да живеем, вели Филипче
Објавено на 12 јули, 2021 во 12:02
Ситуацијата кај нас е сега мирна и затоа ставаме акцент на вакцинацијата за да се спречи нов бран, вели министерот за здравство, Венко Филипче.
-Нема никаква логика за едни граѓани да се бара, а за другите да не се бaра тест ако граѓаните биле во странство. Ситуацијата кај нас е сега мирна и затоа ставаме акцент на вакцинацијата за да се спречи нов бран. Во Британија има зголемување на бројот на позитивни лица, но битно е дека нема смртни случаи. Веројатно ќе има нови соеви и мутации, но со рестрикции не може да живееме,вака само ќе го вратиме во нормала живот, кажа Филипче.