Вирусот повторно зема залет, во овие градови нема заразени со ковид-19
Бројот на заразени со коронавирусот во Македонија секојдневно расте. Гостивар е третиот град, по Скопје и Тетово, каде ширењето на коронавирусот почнува да зема голем замав.
Богданци 494, Активни 0
Крушево 490, Активни 0
Демир Хисар 400, Активни 0
Кратово 377, Активни 0
Дојран 132, Активни 0
Се зголемува бројот на заразени со коронавирусот во Македонија.Бројот на активни случаи изнесува 3.746. Скопје има 1.257, Куманово 222, Тетово има 864, Гостивар има 467, Кичево 193 активни. Дојран, Кратово, Демир Хисар, Крушево и Богданци немаат активни случаи.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 159.908 бројката на оздравени пациенти е 150.635, на починати е 5.527. Од 16 август во земјава ќе има рестрикции за невакцинираните граѓани.