Владата до 31 мај ги ограничи трговските маржи на основните прехранбени производи

Објавено на 22 февруари, 2022 во 15:12

Владата на денешната седница донела одлука од 1 март до 31 мај да ги замрзне профитните маржи на основните продукти кај трговците и тоа за 5 отсто кај оние на големо и 10 отсто кај тие на мало, информираше, министерот за економија Крешник Бектеши.

Највисоката трговска маржа да изнесува до 5 отсто на продажната цена пресметана во трговијата на големо, односно до 10 отсто на продажната цена во трговија на мало кај лебот, шеќерот, солта, брашното – тип 400, суровото сончогледово масло и сончогледово масло за јадење, трајното млеко со масленост од 2,8, 3,2 и 3,5 отсто, свежото месо и сувомеснати производи, сирењето и урдата, оризот, јајцата, тестенините, пченицата и овошјето и зеленчукот.

– Со оваа одлука се контролира растот на цените на основните прехранбени производи да нема значајно влијание врз потрошувачката на граѓаните со оглед на тоа што од 1 март престанува да важи одлуката за замрзнати цени на основните прехранбени производи, рече министерот за економија Крешник Бектеши на денешната прес-конференција во Владата.

За прекршување на овие мерки предвидени се 800 до 1.000 евра за микро-трговец, 1.600 до 2.000 за мал, 3.000 до 6.000 за среден, од 7.000 до 10.000 илјади евра за голем трговец.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.