Во Србија ќе може да се аплицира трета доза на вакцина

Објавено на 16 август, 2021 во 11:08

Членката на српскиот Кризен штаб, Дарија Кисиќ Тепавчевиќ најави дека од утре во Србија ќе почне да се аплицира трета доза против коронавирусот, пренесува Данас.рс.

Третата доза во главно ќе ја примат лицата кои биле вакцинирани пред шест месеци.

Покрај нив, таа наведе дека третата доза ќе ја примат граѓани со намален  имунитет, кои се на хемодијализа, со трансплантирани органи, лица постари од 70 години. Исто така трета доза ќе им биде препорачана и на патниците во меѓународниот сообраќај, бидејќи според Кисиќ Тепавчевиќ, голем број луѓе од одмор се вратиле заразени со Ковид-19.

-Трета доза вакцина се препорачува и за вработените во здравствените институции, кои имаат должност и обврска да ја заштитат својата професионална околина и да спречат ширење на Ковид-19, посочи Кисиќ Тепавчевиќ.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.