Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита
Објавено: 6 август, 2025, во 14:52 часот
Министерството за труд и социјална политика (МТСП) информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец јули 2025 година.
Корисниците на парични права кои поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина од банкоматите на банките, како и да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од денес, 6 август 2025 година.
Од МТСП посочуваат дека, со цел да се избегне метеж пред и во банките, за корисниците кои не користат картички, исплатата ќе се одвива во две групи, по азбучен ред на презиме.
Денеска ќе се исплаќаат средствата за корисниците чии презимиња почнуваат на буквите: А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ, И, Ј, К, Л и Љ. Утре, на 7 август, исплатата ќе се врши за корисниците со презиме кое почнува на буквите: М, Н, Њ, О, П, Р, С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ и Ш.
Дума.мк


