Временска прогноза: Сончево и топло со мала доумерена облачност

Објавено на 19 јуни, 2023 во 08:51

Времето денеска ќе биде претежно сончево и значително потопло со мала локална облачност и слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието. УВ индексот ќе биде осум.

Минималната температура ќе се движи во интервал од 6 до 17, додека максималната од 21 до 31 Целзиусов степен.

Во Скопската котлина времето ќе биде сончево и потопло со слаб до умерен ветер од северен правец.

Денеска и утре времето ќе биде постабилно и значително потопло. В среда попладне не очекува нестабилно во западните делови локален пороен дожд и појава на грмежи, а во деновите кон викендот ќе има појава на пороен дожд проследен со грмежи и засилен ветер повремено и во останатите делови од земјата.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.