Временска прогноза: Сончево и топло со мала доумерена облачност и температура до 33 степени

Објавено на 22 септември, 2023 во 08:59

Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен, а во западните делови повремено засилен ветер од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17 степени и максимална до 33 степени.

Во Скопје сончево и топло со мала облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер.

Денес и утре времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Температурите ќе бидат над просекот за овој период од годината.

Во недела ќе настапи поголема промена на времето, кога под влијание на влажен бран се очекува на повеќе места да биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а температурите ќе опаднат за неколку степени. Дополнително опаѓање на температурите ќе има и од понеделник.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.