Временска прогноза: Сончево време со мала до умерена облачност
Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла или ниска облачност. Во текот на денот ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност, а кон крајот на денот облачноста повторно ќе се зголеми. Претпладне ќе дува слаб ветер од северен, а попладне слаб до умерен ветер од јужен правец.
Во Скопје претпладне со услови за појава на магла, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Во вечерните часови ќе биде значително облачно.
Утре претпладне претежно во северните делови ќе има услови за локален дожд, а преку денот, како и во среда времето ќе биде стабилно со променлива облачност. Дневната температура до четврток ќе биде во пораст. Од четврток попладне до сабота се очекува влажен бран со врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради спуштање на постудена воздушна маса од север во петок во текот на денот врнежите ќе преминат во снег и на повисоките, а во сабота и на некои од пониските места.
Во Берово и на Попова Шапка утрово е најстудено, минус четири степени, а најтопло е во Дојран, пет степени.
Како што соопшти УХМР, до 7:30 часот минус три степени се измерени во Битола, Тетово, Крушево и Маврови Анови, минус два степени во Скопје-Петровец, Прилеп, Струмица, Охрид, Демир Капија, минус еден во Штип, Крива Паланка, Кавадарци.
Нула степени се измерени во Велес, Претор, Виница, еден во Дебар и два степени во Гевгелија.
Најмногу снег во изминатите 24 часа е наврнат на Попова Шапка, шест сантиметри, а во Крушево, три сантиметри.
Во изминатото деноноќие најмногу дожд наврна во Дебар, шест литри на квадратен метар, три во Охрид и Претор, два во Крушево и еден литар на квадратен метар во Битола и во Маврови Анови.
Дума.мк