За еден ден 648 казни за брзо возење
Објавено на 10 април, 2023 во 11:42
Министерството за внатрешни работи, вчера, спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 648 возачи.
-Од нив 24 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а пет возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 345 возила ја пречекорилe брзината во населено место, а 303 надвор од населено место, пишува во соопштението на МВР.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Се апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.
Дума.мк