Задавена жена во сопствениот дом
Осумдесет и три годишната жена која завчера беше пронајдена мртва во својот дом на улицата ,,Димитар Цветинов’’ во Струмица, не починала од природна смрт, пишува порталот Дрнка.мк. Според првичните информации таа починала од задушување, поточно била задавена. Веста ја потврдија и од Основното Јавно обвинителство во Струмица каде случајот ќе го водат како убиство за што веќе е отворена постапка и веќе се издадени наредби за собирање на дополнителни докази.
Како што пишува Дрнка.мк, телото на жената било пронајдено во петокот попладне, во семејната куќа каде што живеела од нејзини најблиски, при што веднаш повикале брза помош. По пријавата во полицијата веднаш беше излезено на терен при што ја блокираа улицата до домот. Увид од надлежните се вршеше и во саботата во претпладневните часови. За да се утврдат причините за смртта, телото на старицата беше предадено на обдукција.
Повеќе информации за објавата на Дрнка.мк.
Дума.мк