Затворски казни за напад врз новинари и медиумски работници, напаѓачите ќе се гонат по службена должност

Објавено на 27 февруари, 2023 во 13:47
Фото: Архива на Дума.мк

Стапија во сила измените на Кривичниот законик за поголема заштита на новинарите и медиумските работници. Со актот, изгласан на 13 февруари во Собранието со 61 глас „за“, ќе бидат позаштитени вработените во медиумите и особено оние кои се и биле најподложни на напади во минатиот период, пишува веб поратлот Апла.мк.

Со измените на законот секое лице што ќе се заканува или ќе нападне новинар, снимател, камерман во време или поради извршување на професионалните задачи во иднина ќе добие сериозно поголема казна, а некои од нив предвидуваат и затвор од шест месеци до пет години. Во исто време, Обвинителството при повреди на правата на оваа група лица ќе презема мерки по службена должност, наместо праксата ваквите предмети да се решаваат со приватни тужби.

Повеќе на Апла.мк.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.