Здружение на медицински ендокринолошки дијабетолошки сестри „ЕНДО-ДИЈА“ одржаа едукативен семинар со медицински сестри од државата
Повеќе од шеесет стручни медицински сестри во различни институции кои работат со лица со дијабетес во нивните центри низ Македонија, биле дел од едукативен семинар организиран од Здружение на медицински ендокринолошки дијабетолошки сестри. Темата на семинарот главно била дијабетес и гестациски дијабетес како и исхрана, дијабетес и дебелина. Предавањата ги одржале шеф на ентар за дијабетес при клиника доц. Д-р Искра Битоска, потоа дипломирана мед. Сестра Биљана Кекеновска како и дипломирана мед. Сестра Татјана Ѓорговски којашто е едукатор и воедно претседател на Здружението.
– На крајот на сесиите од секој ден имаше дискусија со размена на искуства како и квиз со тест на знаење кои сестрите онлајн го решаваа со апликација на телефон каде се мереше брзина и точност и за првите три места се доделија и награди. Во слободно време имаше дружење со кое во неформален разговор се разменуваа искуства , се предлагаа идеи за решавање на одредени проблеми, спортски активости на терен за кошарка. На крајот се донесе заклучок дека треба да се посвети особено акцент на едукацијата на сестрите кои пак во иднина со своето знаење и искуства тие свои вештини и знаење ќе ги пренесат на своите пациенти а со тоа ќе се унапреди и подобри здравјето и ќе се подигне свеста за самоодговорност, рече Дипл. Мед. сестра Татјана Ѓорговски едукатор и воедно и претседател на Здружението.
Инаку, собирот го отворила координаторот на регион дипломирана мед. Сестра Јулијана Атанасовкса додека учесниците биле поздравени и од директорката на клинка за ендокринологија доц. Д-р Саша Мишевска Јовановска којашто изразила големо задоволство од актвностите на здружението и залагањето за промовирање на здравјето преку едукација.