Експертите со совети до лозарите и овоштарите!
Овоштарите и лозарите во овој период интензивно работат на кроење.
Стручњаците во обид да им помогнат за поквалитетно производство во оваа реколта советуваат дека една од задолжителните мерки за заштита на овошките и виновата лоза во фазата на мирување, покрај редовната резидба и отстранувањето на заболените гранки и ластари и нивно изнесување од плантажите е и задолжителното нивно спалување (горење).
Кај јаболчестото овошје особено треба да се внимава на симптомите кои ги дава бактеријата Erwinia amylovora која предизвикува бактериска пламеница кај јаболчестите видови.
“Ако се појави оваа исклучително деструктивна болест заболените делови од дрвата треба задолжително да се отстранат. Од насадот треба да се исчистат и болните гранки и гранчиња и истите да се скратат на 20 до 30 сантиметри, а и повеќе од 50 сантиметри под заразениот дел од овошката, во зависност од дебелината на гранките кои треба да се отстранат.“ советуваат агро експертите и додаваат дека приборот со кој се врши резидбата задолжително треба да се дезинфицира во текот и по завршувањето на оваа активност и тоа со средства како што се Варикина, Етанол или со бакарни препарати.
Исто така советот на експертите до лозарите и овоштарите за во текот на зимата е да се прегледаат повеќегодишните овошни и лозови насади дали има појава на Agrobacterium tumefaciens кој предизвикува бактериски рак на насадите. Заразените делови задолжително треба да се отстранат исто како и кај Erwinia amylovora. Од насадите треба да се отстранат сите искршени гранки бидејќи таму често презимуваат заразните болести и штетници