Продолжен рокот за аплицирање за субвенции
Наместо до крајот на август за субвенции ќе се аплицира до 20 септември информира денеска владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.
На владината седница било одлучено и дека земјоделците кои имаа поднесено апликации, но не ги добиле субвенциите за 2012 година, бидејќи немале платени водарина или пашарина , тие тие пари ќе ги добијат со програмата од оваа година, доколку ги платат заостанатите долгови кон државата.
„На околу 400 до 500 земјоделци ќе им биде овозможено субвенциите што не ги добиле во 2012 година, сепак да ги добијат од програмата во 2013 година, но секако ќе треба да ја платат сметката за водарина или пашарина поради која претходно биле спречени да ги добијат овие субвенции. Тие ќе треба да го поднесат барањето до платежната агенција најдоца до 31 октомври, за да може да се исплатат парите, а секако ќе може да аплицираат и за субвенции за 2013 годфина, изјави Александар Ѓеоргиев, портпарол на влада.
Третата мерка е за производителите на домати, крставици и пиперки и со неа за 50 отсто се намалуваат количествата кои треба да ги продадат до 15-ти мај за да добијат дополнителна субвенција од 90 илјади денари.