Земјотрес со епицентар во Албанија, доцна вчера вечер, почуствуван во Тетово и во Гостивар
Објавено на 3 јануари, 2024 во 08:18

Земјотрес со јачина од 3,4 степени и епицентар во Албанија доцна вечерва ги вознемири жителите на Тетово и Гостивар.
Според првичните информации на ЕМСЦ, земјотресот е регистриран во 23 часот и 39 минути, по локално време.
Досега нема информации за причинета материјална штета.
Според сеизмолозите од Албанија станува збор за редовна сеизмичка активност.
Дума.мк
