Земјотрес со јачина од 4,6 степени по Рихтер утрово ја погоди БиХ
Објавено на 28 ноември, 2022 во 09:51

Земјотрес со јачина од 4,6 степени по Рихтер утрово ја погоди Босна и Херцеговина. Епицентарот на потресот, според Европскo-медитеранскиот сеизмолошки центар, беше северно од Зеница на длабочина од два километра.
Земјотресот бил силно почувствуван и во околината на Травник, но потресот, според граѓаните, траел кратко.
Засега нема информации за причинети штети и евентуално повредени лица.
