ЗНМ и ССНМ утре на протест пред Граѓанскиот суд

Во организација на Здружението на новинари на Македонија и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници, утре во 11 часот, пред Граѓанскиот суд во Скопје ќе се одржи протест под мотото „Правото на граѓаните пред интересот на моќниците“.
Протестот ќе почне на платото пред Младинскиот културен центар во 10:40 часот, а ќе продолжи пред Граѓанскиот суд.
-Време е гласно да кажеме дека правото на граѓаните е пред правото на моќниците – судот нема право да одредува кој смее, а кон не смее да работи како новинар. Се гледаме пред Граѓанскиот суд во Скопје, порачаа од ЗНМ.
-Протестот следи по скандалозното образложение на пресудата на судот против Истражувачката репортерска лабораторија во случајот „Феронвест против ИРЛ“ во кое судот си додели улога да утврдува кој смее, а кој не смее да работи како новинар, а притоа ги делегитимираше онлајн медиумите и граѓанските организации кои се бават со новинарство – велат од ССНМ.
Дума.мк
