(ОБНОВЕНО) МО: Полесно повредени војници во превртен автобус

Објавено на 29 септември, 2020 во 10:07

Minzaodbrana fin

29.09.2020

Војници утринава се полесно повредени во сообраќајна незгода во која странично се преврте автобус на магистралниот пат Струмица-Штип.
Како што информираат од Министерството за одбрана, автобусот превезувал припадници на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на организираниот превоз на релацијата Струмица-Радовиш-Штип-Петровец.

-Во сообраќајната незгода која според нашите и информациите од МВР се случила во 6:47 минути на осум километри пред Штип, се превезувале 16 припадници на Армијата до своите работни места во горенаведените гарнизони, при што според првичните сознанија кај дел од нив има полесни повреди и во моментот сите припадници се превезени во Болницата во Штип каде им се вршат лекарски прегледи со цел утврдување на нивната здравствена состојба, соопшти МО.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.