Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Бугарската агенција за безбедност на храна соопшти денеска дека на фарма за патки во село на севроисток во државата е регистрирана епидемија на птичји грип.

Околу фармата е поставена затштитна зона од околу три километри и властите почнале со уништување на живината. Тоа е втора епидемија на птичји грип во селото Стефаново од лани во октомври кога таму беа уништени 10.000 патки.

Засега не соопштено за кој вид птичји грип се работи.

Од декември во Бугарија се регистрирани неколку епидемии на таа болест.

Во некои случаи откриена е патоген вид на птичјиот вирус Х5Н8.

 

Поврзани вести

Web banner Duma Kozuvcanka Fakti 300x250px 01

Најново