Бурџ Ал Бабас место со 530 замоци во кои нема жители (ФОТО и ВИДЕО)

Објавено на 8 јуни, 2021 во 17:25

На северозападот на Турција, во близина на градот Мудурну, постои необично место, наречено Бурџ Ал Бабас.

Тоа е град на духови исполнет со дури 530 минијатурни и делумно изградени замоци кои се целосно празни.

Кога браќа, инвеститори, започнале да го градат Бурџ Ал Бабас во 2014 година, се верувало дека зградите што потсетуваат на сцените од „Дизниленд“ ќе ги купуваат богати странци.

Требало да се изградат повеќе од 700 мини замоци, а секој од нив бил продаден однапред по цена од 400 до 500 илјади долари.

Во населбата со замоци била предвидена изградба на продавници, кино и други објекти за забава и рекреација.

Економската криза предизвикана од падот на цената на нафтата во Турција ги нарушила плановите на инвеститорите.

Изградбата на луксузната населба чинела околу 200 милиони долари во 2019 година. Изградбата била прекината поради намалениот интерес на потенцијалните купувачи. На крајот и поради банкрот на инвеститорите.

Наместо ексклузивно место за богатиот Бурџ Ал Бабас се претвори во туристичка атракција.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.