Чиста љубов: Бебенце му пријде на златен ретривер и силно го гушна (видео)
Објавено на 21 септември, 2022 во 10:43

Иако се поголеми кучиња, ретриверите имаат прилично нежен темперамент и не знаат за агресија. Токму тоа ги прави совршени миленици за семејства во кои има мали деца.
Социјалните мрежи се преплавени со снимки на кои се прикажани дружби меѓу ретривери и мали деца. Таква е и оваа снимка, објавена на социјалната мрежа Твитер, на која мало бебе му приоѓа на својот домашен миленик и силно го гушнува.
Како што може да се воочи, кучето од расата златен ретривер е апсолутно мирно и воопшто не му пречи детската прегратка.
„Понекогаш, сѐ што ти треба е прегратка“, стои во описот на снимката која има повеќе од пет милиони прегледи.
Sometimes you just need a hug.. 😊 pic.twitter.com/TChUMEF2oL
— Buitengebieden (@buitengebieden) September 13, 2022
