Фановите чекаа 13 години: Објавен е трејлерот за продолжението на „Аватар“ (видео)

Објавено на 26 август, 2022 во 11:18

Публиката уште во 2009 година влезе во светот на уживањето во 3Д кино благодарение на маестралниот филм на режисерот Џејмс Камерон – „Аватар“, најуспешниот филм на сите времиња, кој по тринаесет години се враќа во кино салите.

Објавен е трејлерот за долгоочекуваното продолжение кое наскоро ќе се појави во кината.

Еден маринец, параплегичар бил испратен на планетата Пандора во 2154 година во потрага по вредни руди. Меѓутоа, додека поминувал време на оваа планета, почнал да се бори помеѓу наредбите што морал да ги извршува и желбата да ги зачува овие неверојатни суштества.

Режисерот Џејмс Камерон (Титаник) темелно работеше на филмот за да ги помести границите со овој наслов, а продолжението на филмот „Avatar: The Way of Water“ (Аватар: The Way of Water) за народот Нави од планетата Пандора, ќе се прикажува во кината од 15 декември.

Планетарната популарност добија Сем Вортингтон и Зои Салдана во улогите на Џејк Сали и Нејтири, кои ќе ги репризираат во долгоочекуваното продолжение. Покрај нив, сите го паметат филмот и за брилијантните Сигурни Вивер, Кејт Винслет и Мишел Родригез.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.