Гледаноста на „The Crown“ руши рекорди по смртта на кралицата
По смртта на кралицата, гледаноста на историската драма „The Crown“ порасна за 800% само во Велика Британија додека серијата стигна до седмо место на глобалната топ 10 листа на најпопуларни остварувања.
„Variety“ пишува дека серијата која го следи владеењето на Елизабета Втора, имала астрономски скок на гледаност во периодот меѓу 9 и 11 септември, според податоците на аналитичката компанија „Whip Media“.
По смртта на Елизабета, гледаноста на серијата „The Crown“ во САД е четири пати зголемена во текот на овој период, а гледаноста во Франција исто така се зголемила, покажуваат податоците на „Whip Media“.
Глобалната гледаност исто така порасна четири пати во однос на претходната седмица, така што обожавателите желно ја исчекуваат петтата сезона на серијата.
Сепак, за тоа ќе почекаме уште малку, бидејќи сите снимања се прекинати од почит кон кралицата. Снимањето исто така ќе биде прекинато и на денот на погребот.