Пол Макартни и Нирвана пееја за жртвите од ураганот „Сенди“

Објавено на 13 декември, 2012 во 16:11

Иако некои се сомневаа дека Пол Макартни ќе настапи со Нирвана на концертот посветен на жртвите од ураганот „Сенди“, стариот рокер со својот настап сите ги замолчи.

Поранешниот член на „Битлси“ на сцената рече дека е возбуден поради овој концерт и собирањето на Нирвана по 20 години, а заедно со членовите на бендот отпеа неколку нивни хитови.

Публиката сјајно реагираше на нивниот заеднички настап на хитот „Cut Me Some Slack“.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.