Турнејата на Гага прекината!

Објавено на 12 февруари, 2013 во 22:44

Моментално актуелната турнеја на Лејди Гага, најголемата ѕвезда во Светот, „Born This Way Ball Tour“,  е ненадејно прекината поради сериозната повреда на зглобот на пејачката.

Како што вели таа во својот статус на Фејсбук, повредата е сериозна и не може да се занемари.

„Јас сум целосно уништена. Ја сокривав оваа повреда и болка од мојот персонал еден месец, молејќи дека ќе оздрави, но по настапот минатата ноќ не можев да одам. На моите фанови во Чикаго, Детроит и Хамилтон: Се надевам нема да ми се налутите, иако и јас сум лута сама на себе во моментов. Јас ќе направам нешто за вас. Се надевам дека ќе оздравам што е можно побрзо и ќе бидам со вас 500% повторно, тоа вие го заслужувате“, вели Гага во својот Фејсбук статус.

Дополнителните датуми за евентуалното одржување на концертите ќе бидат објавени накнадно, во спротивно парите за билетите ќе бидат вратени.

Турнејата „Born This Way Ball Tour“ е трета концертна турнеја од страна на американската пејачка Лејди Гага, презентирајќи го нејзиниот албум Born This Way (2011). Турнејата ги посети сите континенти, освен Антартиот. Турнејата беше рангирана како петта турнеја со најголема заработувачка во 2012 со заработувачка од 161.400.000 $, од продажбата на билетите од 80 концерти.

Покрај овие три откажани концерти, турнејата треба да продолжи во останатиот дел на САД. Пејачката ја чекаат концерти во Филаделфија, Њујорк, Мајами, Атланта… А истата треба да заврши на 20ти Март.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.