Се ожени голиот каубоец, атракцијата од Тајмс сквер!

Објавено на 17 февруари, 2013 во 13:08

Голиот каубоец – атракцијата на њујоршкиот Тајмс сквер, се ожени на Денот на вљубените, 14 февруари, соопштуваат странските медиуми.

42 годишниот Роберт Берк заработува пари пеејќи и свирејќи на гитара на Тајмс сквер, облечен само во бели гаќи, со каубојска шапка и каубојски чизми.

Секој ден илијадници туристи го снимаат, а стотици жени го штипкаат за задникот.

Освен тоа, Роберт соработува со дискографски куќи и веќе има доста спонзори како Водафон, Пепси Кола, а неговиот лик се појавува на мноштво сувенири.

На Денот на вљубените голиот каубоец ја остави на страна својата професија, облече костум и стави вратоврска за да склучи брак со својата избраничка Патриција, танчерка на ориентални танци.

Но, и по овој важен чекор Роберт нема намера да ја остави својата „професија“.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.