Бијонсе и Џеј Зи го купуваат имотот на Мајкл Џексон?

Објавено на 19 февруари, 2013 во 14:27

Иако веќе имаат луксузни вили во Њујорк и Хјустон, Бијонсе и Џеј Зи го разгледале ранчот Neverlаnd во Санта Барбара, кој припаѓа на покојниот крал на поп музиката, Мајкл Џексон. Се зборува дека парот наскоро би можело да го купи овој имот.

Бијонсе и Џеј Зи наводно за овој имот се подготвени да издвојат повеќе од 18 милиони долари, додека Џексон за истиот имот во 1988 година дал 17 милиони долари.

Сепак, семејството на покојниот пејач не е воодушевено што некој се интересира за купување на ранчот, кој во 85 проценти е во нивна сопственост.

„Тоа е дом кој децата на Мајкл го сакаат и преку кој можат се уште да се поврзат со него“, вели член на семејството за странските медиуми.

Децата на Мајкл Џексон од тестаментот треба да го наследат овој имот кога ќе наполнат 30 години, така да не е сигурно што би се случило со продажбата.

 

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.