Еве го документарниот филм во чест на актерот Игор Маџиров
Филмот што ја потсети јавноста на детето со црвената коса. 13 години без него, без Игор Маџиров. На дума.МК го имате целосниот документарен филм „Интервју за Игор“.
Игор Маџиров беше еден од најдобрите, најталентираните и најхаризматичните актери во Македонија. Најпознат беше по улогите од серијалот “Во светот на бајките”, “Пред дождот” и други, во кои го глумеше “Малиот Петар”, “Могли”, “Петар Гаван”…
Детето со прекрасна црвена коса, иако прерано не напушти, никогаш нема да не напуштат убавите чувства што сеќавањето на него ги буди во секој од нас.
Оригинален и како актер и како човек – таков ќе остане во сеќавањето. Најмногу играл пред најискрената публика – децата. Во детската меморија тој ќе остане врежан како незаборавниот Могли, детето од џунглата.
Игор ке биде запаметен по многу претстави, по улогите во познатите светски бајки во продукција на МТВ и улогата во филмот “Пред дождот” на Милчо Манчевски. Вечна ти слава уметнику.
Погледнете го во продолжение документарецот за Игор Маџиров:
{youtube}http://www.youtube.com/watch?v=YlBYqKZhS_I{/youtube}
