(ВИДЕО) Харлем шејк во Младинскиот парк во Велес
Никола Тасев од Велес е еден од организаторите или како што вели тој трачарите на лудилото наречено Харлем Шејк кое денес се случуваше во Велес.
Харлем Шејк односно танц кој прв пат се појавил во Њујорк во 1981 година е наводно верзија на етипскиот танц ескиста. На видеото од триесетина секунди група луѓе неартикулирано игра на музиката од светскиот диџеј Баауер.
Откако македонците го прифатија овој танц како една позитивна и интересна работа која зближува група на луѓе иако нема посебна порака истиот решија и да го направат сами. Низ интернет порталите во Македонија и на YouTube се појавија разни видеа. Харлем шејк во телевизиски и радио куќи, на центарот во Битола, на Езерото Младост, група млади луѓе решија вакво видео да снимат и во младинскиот парк во Велес. Дума.Мк го посети настанот, разговараше со организаторите и учесниците, а исто така придонесе и за негова подобра реализација. Ги прашавме од каде идејата за вакво нешто.
{youtube}http://www.youtube.com/watch?v=QdMiTf_isqM&feature=youtu.be{/youtube}
„Харлем шејк дојде од идеја од кога прв пат се објавија низ каналите на јутуб разни видеа со алкохолизирани учесници како што симболизира и ова видео и цел овој настан како што можете да забележите околу нас има многу што ќе танцуваат со нас и целта е и ние да бидеме дел од ова лудило и да правиме нешто повеќе од другите“, рече Никола.
А каде планирате да го објават видеото?
„Видеото ќе биде објавено на сите можни сајтови. На Facebook, на YouTube, а дури и на други сајтови. Секаде каде што ќе има можност да се објави. Го режираме сите, не можеме да кажеме дека има некој посебен одговорен. Да стоеше позади нас Општината или слично ќе кажев дека тие се. Но тука се: Никола Јовчевски, Димо Димовски, Костадин Кочев, Претар Трпчев“, додаде Никола.
Младите луѓе кои беа дел од ова видео немаа некоја посебна улога, напишани и смислени движења, но некои од нив симболизираа познати смешни ликови од нашиот град.
Бидејќи заинтересираноста беше голема тие планираат и некои други активности во иднина.
„Не размслувавме дека заинтересираноста ќе биде многу голема, се надевам дека ќе организираме и ќе направиме нешто повеќе во иднина“, рече Никола Јовчевски.
Оваа група на луѓе не добија никаква помош од никого, а сепак приредија одлична забава за останатите велешани, кои како и обично не сакаа да се вмешуваат во било каква работа туку од страна ја гледаа целата ситуација и уживаа. Затоа Дума.Мк на сите учесници им го подарува видеото со најновиот Харлем Шеик, дечки уживајте!/В.Р
