Премиера на евровизиската „Империја“
Објавено на 25 февруари, 2013 во 13:07
В среда во Македонската радио телевизија во 20.45 часот, гледачите за прв пат ќе имаат можност да ја слушнат „Империја“, евровизиската песна на нашите годинешни претставници, Есма Реџепова и Влатко Лозановски. Исто така во текот на шоуто во среда, премиерно прикажување ќе има и на официјалниот спот за македонската песна која ќе не претстави на „Евровизија 2013“
Евровизискиот хит „Империја“ е дело на авторот и текстописец Борче Атанасовски, а музиката и аранжманот се дел на Симеон Атанасов и Дејан Момироски.Богата музичка програма на која домаќин ќе биде Димитар Атанасовски, голем избор на гости и разговори поврзани со темата „Евровизија“ е само мал дел од програмата што се најавува.
