Бијонсе со кран од едната до другата бина

Објавено: 13 април, 2013, во 17:36 часот

Двете бини се наместени во Комбанк Арената во Белград, Стотина луѓе од тимот на Бијонсе ги лепеа со огледала. Велат дека двете бини ќе изгледаат фантастично, многу светли.

Сценографијата изгледа многу чудно! Огледала на сите страни. Има многу, многу светла. Околу главната бина на источната страна и на другата помалата на западната страна поставени се огледала во круг. Бините се поврзани со голем кран кој ќе ја пренесува БИјонсе од едната до другата бина, пренесува тон мајсторот од големата продукциска екипа од Британија.

Пејачката денес пристигна во Белград со авионот во придружба на десет патника, со место за својата ќерка Блу Ајви Картер.

Соби резервирала во три хотели, а најавено е дека во главниот град на Србија ќе се задржи пет дена бидејќи концертот во Белград е прв на турнејата, па затоа во Белград, Бијонсе и нејзиниот тим ќе ја пробаат бината за цела турнеја, сценографијата, звукот и сл.

Занимливо е тоа дека за разлика од концертот на Џенифер Лопез, за чија исхрана позади сцената се грижеше една белградска компанија, за Бијонсе ќе се грижат исклучиво нејзините лични готвачи и ниту една српска фирма нема да биде вклучена во ниту еден сегмент од нејзинот престој во Белград.

На сцената ќе има бенд од осум музичари, три придружни вокали, десетина танчери, а спеклот во Комбанк Арената ќе започне во 20 часот./В.Р

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.