Поп дивата Бијонсе уште еднаш докажа која е „Кралицата Б“!
Во преполната „Комбанк Арена“ во Белград, синоќа, поп дивата Бијонсе ја започна светската турнеја „Mrs. Carter Show“. Пејачката приреди вистинско уживање, концерт што долго ќе го паметат 18.000 посетители.
Пејачката пристигна во Комбанк Арената околу 16:00 часот, со својот сопруг Џеј Зи и својата ќерка Блу Ајви, додека нејзиниот бенд и танчерите во Арената пристигнаа околу 13:00 часот.
Тимот на Бијонсе изнајми соби во три хотели, но како што дознава Дума.мк Бијонсе престојувала во хотелот Хајат Резиденција, веднаш до трговскиот центар „Ушче“.
Концертот започна по еден час доцнење, што придонесе за зголемување на адреналинот на посетителите. Некаде, околку 21 часот и 15 минути кога сите светла во Арената се иклучија со песната „Who Run the World“ Бијонсе го означи почетокот на концертот.
Фанови од целот свет, од Африка, Холандија, Германија, Британија, вклучувајќи ги и фановите од Македонија кои пристигнаа со повеќе од 15 автобуси или сопствен превоз продолжија да уживаат во изведбата на „End Of Time“ придружена со сложена кореографија.
Потоа следеа нејзините добри стари хитови, добри кореографии, прекрасни и можеби до сега не видени светлосни ефекти.
Бијонсе се пресоблече неколку пати, во сите изданија блескаше и не дозволи за момент публиката да се покае што одвоила минимум 100 евра за да биде дел од првото шоу на Mrs. Carter.
Адреналинот кулминираше кога на сцената, до клавирот ги изведе „Make Love to Me“ и „1+1“, каде публиката не можеше да се воздржи од плачење и врескање по пејачката.
Веднаш по завршувањето на овие песни следеше долго очекуваниот момент. Пејачката со кран летајќи над публиката се префрли на малата сцена каде изведе неколку песни со помош на публиката.
По настапот на малата сцена таа по патека во средината пеејќи се поздравуваше со фановите и се врати на големата сцена, каде можеа да се видат приватни снимки од неа, сопругот Џеј Зи и нивната ќерка Блу Ајви.
Пејачката не заборави да и оддаде почит на својата пријателка Витни Хјустон и ја изведе нејзината „I Will Always Love You“, а потоа култната „Halo“ и им се заблагодари на присутните.
Ви благодарам. Никогаш не ги заборавам првите шоуа, па така и ова, вие сте прекрасна публика, рече Бијонсе, го зема српското знаме и се повлече од сцената. Иако публиката желно чекаше бис, пејачката не се врати. / Владимир Ристов
Специјално од Белград за Дума.мк
{youtube}http://www.youtube.com/watch?v=ZIbEFuMl2cQ{/youtube}
{youtube}http://www.youtube.com/watch?v=wFxO7owWQsc{/youtube}
{youtube}http://www.youtube.com/watch?v=gFybIC–7vM{/youtube}
{youtube}http://www.youtube.com/watch?v=8-KdsETHhds{/youtube}