Уапсена Рис Витерспун

Објавено на 22 април, 2013 во 17:07

Актерката Рис Витерспун и нејзиниот сопруг завршија в затвор откако актерката одбила наредба на полицаец од Атланта да остане во возилото, кое го управувал нејзиниот сопруг. Додека нему му правеле тест за алкохол во крвта, актерката ја замолиле да остане во возилото. Но таа не го послушала полицаецот.

– Јас сум граѓанка на Америка и имам право да стојам на американско тло – изјавила актерката додека сопругот се обидувал да ја смири.

– Знаете ли која сум јас? – прашала актерката.

– На тоа полицаецот одговорил:

– Нема потреба да го знам вашето име и презиме

– Во ред, ќе дознаете откако ќе го има на сите вести – му возвратила Видерспун.

– Сопругот на Витерспун, Џејмс Тот, е уапсен, бидејќи нивото на алкохол му било далеку повисоко од дозволеното.

– Рис (37) и Тот (42) биле пуштени по неколку часа. За потребите на полицијата беа и фотографирани. На фотографијата добро се гледаат засатаклените очи на сопругот на актерката.

– Двојката денеска треба да се појават пред судот, но се претпоставува дека ќе бараат одлагање на судењето.

– Рис и Тот моментно престојуваат во Атланта, каде што таа го снима филмот “Good lie”./В.Р

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.