„Роки“ ќе стане бродвејски мјузикл
Објавено на 30 април, 2013 во 14:51
Во февруари идната година на Бродвеј ќе биде прикажан театарски мјузикл направен според хит-филмот „Роки“. Еден од продуцентите на театарската верзија е Силвестер Сталоне, кој беше сценарист и главна ѕвезда во оскаровското остварување од 1976 година.
Шоуто беше премиерно прикажано во ноември лани, во Хамбург, Германија, а обуката на тамошните актери ја вршеа браќата боксери Владимир и Витали Кличко, кои исто така се продуценти на претставата.
Мјузиклот ќе ја следи оригиналната приказна од филмот за аматерскиот боксер Роки Балбоа, а сценариото го напиша Томас Михан, кој работеше и на претставите „Продуценти“ и „Лак за коса“, додека песните се на Стивен Флаерти и Лин Аренс./В.Р