Се бара добар родител!

Објавено на 1 октомври, 2014 во 06:07

Какви родители би посакале децата кога би можеле да бираат?

Прва година
Опуштена личност која со љубов ќе го одгледува бебето. Треба да ужива во тоа да го нишка, гали и на секои три часа да го пресоблекува, а потоа трпеливо да го држи и храни дваесетина минути. Треба рано да станува и лесно да се разбудува. Да работи во сите смени и да нема можност за напредување.

Втора и трета година
Спортски тип, во добра форма, со одлични рефлекси. Потребна е голема енергија и бескрајно трпение. Неопходно е познавање на брза помош. Работниот ден трае 15 часа – без паузи за ручек и кафе (освен ако детето спие). Потребна е голема концентрација за извршување на работните обврски во стресни услови. Предност: возачка дозвола.

Четврта, петта и шеста година
Експерт во подучување мали деца, кој ќе обезбеди креативен амбиент за учење, полн со љубов, прилагоден на предшколска возраст. Пожелно е искуство во подучување уметност, музика, спорт. Задолжително е познавање барем на еден странски јазик. Предности: познавање на детската психологија, лингвистика и Монтесори метод.

Од седма до дванаесетта година
Можност на стручњаците за спорт и рекреација. Улогата треба да се извршува во работната соба. Прифатливи спортови се одбојка, кошарка и фудбал. Неопходни комуникациски вештини заради излегување на крај со учителите, наставниците и другите родители. Подготвеност за разговор за секс и вештини во решавање на задачи, се подразбира. Приговори во однос на кал во сите соби, расфрлана облека на сите страни и целодневно присуство на деца, не се прифатливи.

Од тринаесетта до петнаесетта година
Специјалист за адолесцентна психологија и искуство за подготвување на големи количини храна. Наглувост – пожелна. Толеранција – неопходна. Тактичност, односно способност за регистрирање на моментот кога е најдобро да се исчезне – нужна.

Осумнаесетта година
Финансиер кој ќе обезбедува пари, облека, а по можност и автомобил. Совети – непотребни. Работа на неодредено време. Кандидатот има доволно слободно време, па може да си најде и друга работа која ќе носи дополнителни приходи.

.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.